Јуве има „чист пат“: Реал Мадрид се откажа од Пол Погба поради една причина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на големо се шпекулираше дека Пол Погба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, сепак тоа нема да се случи.

Шпанска „Марка“ пренесува дека кралскиот клуб се откажал од намерата да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед затоа што стравувал дека со евентуален скап трансфер би можел да ги наруши правилата на Финансискиот фер плеј.

Тоа значи дека Јувентус останува во пол позиција за ангажман на Погба кој наводно изразил желба да се врати во Торино.

Сепак, за него Јувентус ќе мора да плати околу 150 милиони фунти, колку што го процени Манчестер Јунајтед својот најдобар играч.