Реал Мадрид се откажа од Ериксен за да создаде – филмска трилогија!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијан Ериксен долго време се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но очигледно „кралевите“ се откажале од неговиот потпис.

Се шпекулираше и дека доколку не пристигне Ериксен, тогаш во Мадрид ќе дојде Пол Погба, но очигледно Реал бара поефтино решение, а тоа се вика Мигуел Алмирон.

Алмирон е 25-годишен Парагваец, кој во зимскиот преоден рок од Атланта јунајтед се пресели во Њукасл за 24 милиони евра.

Тешко може да се процени колку е сериозен интересот на Реал за Алмирон, но приказната стана хит поради филмот „Гол“ и неговите продолженија.

Станува збор за американски филм од 2005 година, која го следи Сантијаго Мунез, момче кое сонува за голема фудбалска кариера, но игра само со пријателите на улица.

До крајот на филмот Мунез се сели во Њукасл и во последни секунди од сезоната постигнува гол, кој му обезбедува пласман во Лига на шампиони на тимот.

Филмот завршува со прославата на Мунез, а вториот дел од трилогијата даде причина за да се почне ваква приказна, а тоа е преселбата на Мунез во Реал Мадрид, па многумина мислат дека слично нешто ќе се случи и со Алмирон.