„Газета дело Спорт“: Пропаѓа трансферот на Џеко?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преминувањето на Един Џеко во Интер поприлично се одложи. Иако медиумите во Италија известуваа дека за трансферот е прашање на време, се чини дека не е баш така.

Италијанците се убедени и константно ја потенцираат приказната дека Џеко има договорено се со Нероаѕрите кој пак некако не успева да пронајде заеднички јазик со Рома.

Газета дело Спорт во своето денешно издание пишува дека трансферот на Џеко е доведен во прашање, бидејќи Интер во меѓувреме се сврте кон други приоритети.

Угледниот милански магазин пишува дека „досегашните состанови не доведоа до „точка на договор“, бидејќи Марота нуди 10 милиони, а директорот на Рома очекува дупло повеќе“.

Газета наведува дека ќе биде тешко да се пронајде добитна комбинација во што пократок рок, затоа што Интер сака да се посвети на својата примарна цел, а тоа е Ромалу Лукаку.

Антониот Конте веќе порадно изрази желба дека би сакал во тимот да го има Џеко и тоа пред почетокот на припремите кои се закажани за 7. јули.