Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид ги сака само најдобрите фудбалери во својата екипа, а досега ангажираше неколку ѕвезди, меѓу кои најзвучно е името на Еден Азар.
Претседателот Флорентино Перез ќе продолжи со истиот ритам и наредното лето, откако досега потрошија 300 милиони евра, а следната година планираат „кралевите“ да го ангажираат Килијан Мбапе.
„Кралевите“ не сакаат да брзаат, па сакаат да го искористат фактот што Мбапе не е среќен во ПСЖ и така да ја „украдат“ француската ѕвезда.
Нема сомнеж дека Мбапе ќе стане најскап фудбалер во светот, зашто се претпоставува дека Реал Мадрид за неговиот потпис ќе плати дури 250 милиони евра.
Тренерот Зинедин Зидан би сакал да го види него во својата екипа, а исто така се планира поход по потписот на Пол Погба наредната година.