Реал Мадрид мора да врати на државата 18.4 милиони евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Властите на градот Мадрид соопштија денеска дека од фудбалскиот клуб Реал Мадрид ќе бараат да врати 18.4 милиони евра државна помош, на основа на одлуката на Европската комисија коај утврди дека таа помош е незаконска.

„Градот ќе ги превземе сите неопходни мерки да постапи по одлукатана ЕК и да ги врати 18.4 милиони евра помош која државата ги одобри на Реал Мадрид“, се наведува во соопштението на Градскиот совет.

Европската комисија утврди дека е незаконски договорот за остапување на земјиште на Реал Мадрид, кој градот го случи со градот Мадрид, на чие чело тогаш беше конзервативната Народна партија.

Управата на Реал платила во 1998 година 595 000 евра за земјиште, но трансакцијата не е реализирала од технички причини, поради што градските власти во 2011 година, исплатиле на клубот 22.7 милиони евра компезација, иако, по оцена на комисијата, требаше да даде само 4.3 милиони евра.

Спорното земјиште, како што се наведува во одлуката е донесено на 4 јули, „претплатено за 18.4 милиони евра“, што е “неоправдано фаворизирање на Реал Мадрид во однос на другите клубови“.

Власите на градот Мадрид, на чие чело од минатата година е левичарката Мануела Кармена, наведоа денеска дека на почетокот на септември Комисијата комисијата ќе го соопшти конечниот износ кој треба да го врати и да поднесе доказ за превземените мерки во целата постапка по одлуката.

Европската комисија даде на Шпанија рок од четири месеци за спроведување на одлуката.

Реал Мадрид, кој во мај по 11 пат ја освои ЛШ, е еден до најбогатите фудбалски клубови на светот, а во минатата година, по податоците на ревизорската – консултантска компанија (Делојт), оствари приход од 577 милиони евра.