Новиот член на Серија А заинтересиран за Бобан Николов


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бобан Николов би можел да се приклучи на неколкуте македонски интернационалци кои фудбалскиот леб го заработуваат на Апенините.

„Тутомеркато“ пренесува дека за играчот од средниот ред постои интерес од новиот член на Серија А, Бреша.

Бреша го посочила нашиот репрезентативец како идеално решение за средниот ред посочувајќи дека Николов е играч кој еднакво добро може да игра и во дефанзива и во офанзива, а го краси и одлична пас игра.