Парижаните не можат да веруваат: Мбапе одбил да преговара за нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе е главна тема и овој преоден рок. Тој со месеци се поврзува најмногу со трансфер во Реал Мадрид, но јасно е дека нема да има такво нешто летово. ПСЖ реши да се обиде на подолг период да го задржи младиот напаѓач, но тоа не им оди најдобро.

Управата на ПСЖ го контакрирала Мбапе и му порачале дека сака да почнат преговори. Меѓутоа, останаа изненадени кога тој одговорил дека не сака да го продолжи договорот со ПСЖ.

Мбапе има договор до 2022 година, а ПСЖ му нуди нова соработка до 2025 година. Но, младиот напаѓач одби и јасно му даде до знаење дека наскоро сака да направи чекор напред во кариерата.

Многумина веруваа дека е само прашање на време кога францускиот напаѓач ќе го видиме во дресот на Реал Мадрид, зашто ПСЖ нема да може да ги игнорира понудите на Флорентино Перез.