Арсенал го ангажираше првото засилување за летниот преоден рок


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Арсенал во текот на денешниот ден го потврдија своето прво летно засилување.

Нов фудбалер на „топчиите“ е 18 годишниот напаѓач Габриел Мартинеликој доаѓа од бразилскиот клуб Итуано и потпиша повеќегодишен договор со Арсенал.

Интересно е што Мартинели пред две сезони беше на проба во Манчестер Јунајтед, но тогаш не успеа да се избори за договор со „ѓаволите“, а сега потпиша договор со нивниот ривал.

„Среќен сум што ќе го носам овојдрес. Морам да му се заблагодарам на Бога и на моето семејство. Ќе ја искористам оваа прилика и се надевам ќе имам среќни моменти со фановите“- истакна Мартинели.