Реал Мадрид му нуди ѕвезда на Јунајтед во замена за Погба!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Реал Мадрид повторно е активен во борбата за ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, а очигледно шпанскиот клуб подготвил и интересна понуда.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан на управата на клубот порачал дека го сака Погба уште летово. Меѓутоа, проблемот се појави затоа што Јунајтед наме намера да го продаде Французинот за сума помала од 150 милиони евра.

Реал не сака да го плати тоа, зашто е премногу, па сакаат да им го понудат Герет Бејл плус одредена сума на пари во замена за Погба.

Репрезентативецот на Велс не сака да ја менува средината, зашто е задоволен со платата во Реал и не му е приоритет да игра, а тоа ги нервира луѓето во раководството на тимот.