Телото на швајцарската фудбалерка пронајдена на дно на езерото Комо


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Телото на несреќно настраданата швајцарска фудбалерка Флоријана Исмаили беше пронајдена на дното на езерото Комо.

Швајцарската репрезентативка и фудбалерка на Јанг Бојс беше исчезната од саботата. Италијанската новинарска агенција „Анса“ пренесе дека Исмаили изнајмила брод со пријателите и наводно скокнала во езерото од бродот, но потоа таа не се вратила назад.

Од службата за спасување во вторникот соопштија дека нејзиното тело било пронајдено на длабочина од 204 метри.

„Фудбалскиот сојуз на Швајцарија сочуствува со семејството, роднините и пријателите на Флоријана Исмаили. Им благодариме на сите за пораките со сочуство“, соопштија од сојузот.

Исмаили имаше 24 години и беше капитен на женскиот тим на Јанг Бојс, а за репрезентацијата одигра 33 меча.