Робен шокираше многумина со одлуката за својата иднина: Легендарниот Холанѓанец ги закачи копачките на клин


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Арјен Робен денеска објави дека се пензионира од активното играње фудбал откако не му беше продолжен договрот со Баерн Минхен.

Иако во јавноста многу се шпекулираше дека Робен ќе ја продолжи кариерата во некој европски гигант, сепак тоа нема да се случи затоа што поранешниот играч на Реал Мадрид, Челси и Баерн Минхен објави крај на кариерата.

„Без сомнеж ова е најтешката одлука која морав да ја донесам во мојата кариера. Одлука во која срцето и паметта се судрија. Во моментов јас сум фит и здрав и како фан на други спортови сакам да сум таков во иднина, па дефинитивно ќе престанам да играм активно фудбал“- истакна Робен.