Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди ќе се појави на подготовките на Интер, а според најновите информации, тренерот Антонио Конте сака да го води во Швајцарија, откако му падна цената.
Јувентус долго време се поврзуваше со неговиот потпис, но очигледно во борба за него се вклучи и жестокиот ривал Наполи.
Наполи не успеа да најде друг напаѓач, па поради тоа сака да го добие Икарди, кој не сака да се пресели на југот на Италија, но понуда од 10 милиони евра годишно би можела да го предомисли.
Клубот од Неапол мора претходно да се ослободи од Оунас, Рог, Хисај, Мари Руи, Верди, а веќе продадоа неколку фудбалери.
Икарди ќе биде големо засилување за тимот на Анчелоти, кој досега успеа да го ангажира Манолас наместо Албиол, кој се врати во татковината, а во моментов преговараат и за Хамес Родригез.