Мино Раиола уште еднаш ја потврди желбата на Погба: Сите во Манчестер ја знаат…


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Агентот на Пол Погба, контроверзниот Мино Раиола уште еднаш потврди дека неговиот клиент сака да си замине од Манчестер Јунајтед.

Во интервју за „Тајмс“ Раиола истакна дека Погба има желба да го напушти Манчестер Јунајтед, а во клубот сите тоа добро го знаат.

„Сите ја знаат желбата на Погба да си замине од клубот. Сите во клубот од менаџерот, до сопственикот знаат дека Пол сака да си замине. Ние сме во таков процес.“ –истакна Раиола за интервју во „Тајмс“.

Се верува дека Реал Мадрид е прв фаворит за неговиот потпис.