Донарума ја соопшти одлуката, Милан ќе мора да си ги менува плановите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Џанлуиџи Донарума е на продажба, зашто Милан сака да ги покрие загубите со продажба на најскапиот играч, а притоа сакаат да се ослободат и од платата на Италијанецот, која изнесува шест милиони евра.

Понудата која пристигна од ПСЖ беше срамна, а изнесуваше 20 милиони плус Ареола, која не беше ниту разгледувана.

Интересно е тоа што Донарума деновиве им соопштил на Паоло Малдини и Звонимир Бобан дека се предомислил и сега не сака да го напушти клубот.

Тоа драстично ги менува плановите на „Росонерите“, кои мора да продадат некој друг фудбалер, но интерес има само за Ромањоли и Сусо.

Милан веќе трошеше доста пари во летниот преоден рок, стигнаа Круниќ, Бенасер и Тео Ернандез, а сакаат уште неколку фудбалери.

Се очекува клубот да го напуштат Борини, Кеси, а можеби и Кутроне, додека Лукас Билја се очекува да се пресели во Фиорентина.