Цртеж кој најдобро го опишува голот кој навивачите на Реал Мадрид нема да го заборават (ВИДЕО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Секоја победа на навивачите на Реал Мадрид над Барселона е мила, а посебно кога таа директно одлучува за освојување на трофејот.

Во деценијава двата шпански клуба одиграа голем број натпревари, а меѓу тие кои решаваа за трофеј беше финалето во шпанскиот Куп во 2014 година.

Пред повеќе од 50.000 гледачи на стадионот „Месталја“ Реал Мадрид победи со 2-1, а наградата за најдобар фудбалер на мечот ја освои Герет Бејл.

Одличниот репрезентативец на Велс во тој меч постигна еден од најдобрите голови и ја покажа својата најдобра карактеристика – брзината.

Се играше 85. минута кога Бејл на навистина феноменален начин го премина Марк Бартра, при што го напушти теренот, а потоа влезе во казнениот простор и го матираше Хозе Мануел Пинто.