Шпански „Спорт“: Реал Мадрид има пеколен план за Нејмар


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпански „Спорт“ пишува дека Реал Мадрид се врати во трката за ангажирање на Нејмар, за кого интерес во претходниот период покажуваше и Барселона.

Покрај големата фотографија на Нејмар и наслов „Аларм од Мадрид“, медиумот објави голема приказна за тоа како претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез смислил план за Бразилецот.

Нејмар сака да замине од ПСЖ, па не се појави на првиот тренинг на екипата за подготовките за новата сезона, поради што клубот го казни.

Но, тоа на Бразилецот не му пречи, па ангажираше свои луѓе да го забрзаат заминувањето од Париз, а сега дефинитивно ќе гледаме „Ел Класико“ меѓу Реал и Барселона за потписот на Нејмар.