Јувентус нема да штеди пари: Де Лихт наскоро пристигнува во Торино


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт е блиску до трансфер во Јувентус, откако италијанскиот гигант решил да ја зголеми понудата.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ајакс одбил 67 милиони евра, па поради тоа „Старата дама“ ги подобрила финансиските услови.

Младиот 19-годишен стопер претходно ги договорил личните услови и потписот на петгодишниот договор вреден девет милиони по сезона, без бонуси.

До крајот на неделата треба да биде официјализиран трансферот, па Де Лихт ќе има во меѓувреме и медицински прегледи во Торино.

Еден од најталентираните фудбалери во светот претходно одби да се пресели во Барселона и ПСЖ.