Навивачите на Челси воодушевени откако ја видоа маската на мобилниот на Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар ги започна припремите со Реал Мадрид пред новата сезона, а од него се очекува да биде големо засилување.

Тој веднаш се најде во центарот на вниманието бидејќи на него можеа да се видат вишок килограми и дека пред него има доста работа во текот на припремите.

Но, Азар исто така ги воодушеви навивачите на поранешниот негов клуб Челси, бидејчи покажа дека и тоа како е врзан за Стемфорд Бриџ.

Имено, во центарот на вниманието се најде фотографија како тој го држи мобилниот, а на неговата маска се неговите синови во дресовите на Челси.