Барселона ги зачуди фановите: Де Лихт не беше доволно добар за тие пари!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ објави разговор со неименуван тренер од стручниот штаб на Барселона, кој објасни зошто не го ангажирале Матијас Де Лихт.

Барселона и Де Лихт долго преговараа, но на крајот младиот фудбалер добил повик и понуда која не се одбивала.

„Де Јонг го следевме две години, секоја недела. Се уверивме во неговиот талент. Де Лихт ни се допаѓаше и исто така го следевме, тоа воопшто не е тајна, но убедени сме дека неговата цена мораше да биде пониска отколку на Де Јонг. Делумно поради неговата позиција, но и поради неговиот потенцијал“, кажал членот на стручниот штаб на Барселона.

Де Лихт ќе биде нов фудбалер на Јувентус во следната сезона.