Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управата на Реал Мадрид имала состанок со Зинедин Зидан, па се дискутирало за крајот на летниот преоден рок.
Како клучен детал се споменува тоа што бројката на професионалци во клубот мора да се намали на 25 фудбалери, а тоа значи дека Родриго и Винициус Жуниор ќе бидат регистрирани за Кастилја.
Јасно е дека Хамес Родригез ќе го напушти Реал Мадрид. Клубот се надева дека ќе замине во Наполи, но засега не е позната неговата иднина.
Кога станува збор за Иско и Асенсио, уште се очекуваат понуди, додека Себалјос ќе биде на позајмица во Арсенал.
Често се споменуваше и заминување на Герет Бејл од Реал, но тој на подготовките покажа дека може да помогне, па го сменил мислењето на Зидан, кој сега сака да го задржи.
Исто така, „кралевите“ немаат пари за Пол Погба во моментов, па можеби ќе тргнат по поефтина алтернатива, а тоа е Ван де Бек од Ајакс, кој настапуваше одлично минатата сезона.