„Го научив Роналдо да шутира, но ако го прашате, ќе ви каже дека лажам!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Легендарниот Марио Жардел на крајот на минатиот век беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа. По неколку одлични настапи во Бразил, Жардел стигна во 1996 година во Порто, кадешто трипати беше најдобар стрелец на Европа, а вкупно во 170 меча постигна 168 гола.

Во 2001 година потпиша за Спортинг Лисабон, со кој ја освои шампионската титула во Португалија, а во 62 настапи за клубот постигна дури 67 гола.

Во Спортинг играше со Кристијано Роналдо, кој тогаш беше на почеток на кариерата, а во разговор за „Глобо“ откри дека на Португалецот му бил ментор.

„Без дилеми го научив многу работи од мене. Игравме две години заедно во Спортинг кога се вратив од Галатасарај. Научив како да ја шутира топката. Ама ако го прашате, тој ќе ви каже дека не е вистина“, вели Жардел.