Познати деталите од договорот помеѓу СМС и Манчестер Јунајтед


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ кариерата би можел да ја продожли во Манчестер Јунајтед.

Италијанските медиуми синоќа објавија дека договор помеѓу Лацио и Манчестер Јунајтед е постигнат, а Газета дело Спорт утрово ги донесе конечните детали од договорот.

Црвените Ѓаволи ќе платат 75 милиони евра, а додатни 5 милиони ќе добие низ бонуси, кои наводно лесно ќе може да ги оствари.

СМС исто така доби и добар договор. Тој ќе потпише договор на 5 години, а годишно ќе заработува помеѓу шест и седум милиони евра.

СМС во 2015. година стигна од Генк во Лацио за 18 милиони евра и од тогаш за овој клуб одигра 138 натпревари и постигна 31 гол.

Тој на Олд Трафорд би требало да го замени Пол Погба кој по доаѓањето на СМС во клубот ќе тргне полека накај Реал Мадрид.