Вулверхемптон не се шегува: Презентираше фудбалер на Реал Мадрид, следи ангажман на екстра напаѓач од Милан


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Од таборот на Вулверхемптон и официјално го претставија доаѓањето на младиот и талентиран фудбалер на Реал Мадрид, Хесус Ваљехо.

Ваљехо во Премиер лигата доаѓа како позајмен фудбалер од „кралскиот клуб“ ,а Вулвс нема да има право на целосен откуп на неговиот договор.

Освен Ваљехо, утре би требало да биде објавен и трансферот на напаѓачот на Милан кој своевремено ги освои срцата на росонерите, Патрик Кутроне.

Младиот напаѓач за разлика од Хесус Ваљехо ќе потпише перманентен договор со тимот на Вулверхемптон.