Агуеро ќе биде тешко казнет


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро веројатно ќе биде тешко казнет поради неспортскиот потег на мечот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем Јунајтед.

Агуеро во еден момент со лакт во глава го удри дефанзивецот на гостинската екипа Винстон Рид што сигурно беше многу неспортски потег, посебно бидејќи ниту едниот ни другиот ја немаа топката кај себе.

Главниот судија и неговите помошници не видоа ништо, и Агуеро на тој меч помина без опомена. Сепак, камерите се уредно забележаа и сега е на ФА да одреди казна.

ФА издаде соопштение дека фудбалерот на Манчстер Сити насилно се однесуваше и дека му следи казна.

Таа веројатно ќе биде неиграње на три наредни кола за Агуеро што значи дека ќе го пропушти големото дерби на градот на Манчестер кое се игра во наредното коло.

Неговото изостанување ќе биде голем хендикеп за Сити со оглед дека се работи за првиот стрелец на тимот.