Арсенал блиску до ангажман на уште еден фудбалер

Како што пренесуваат медиумите во Англија, од таборот на Арсенал се во завршни преговори со Селтик околу  ангажманот на десниот бек,Кјеран Тиерни.

Тиерни е меѓу приоритетните трансфер желби на Унаи Емери, а преговорите со Селтик веќе траат подолг период.

Шкотскиот тим одби една понуда на Арсенал, но се верува дека втората во висина од 25 милиони фунти плус бонуси ќе биде прифатлива и наскоро Тиерни ќе стане фудбаер на клубот од Лондон.