Никогаш посилниот МЛС Ол Стар тим прегазен од Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид рано утрово по наше време во пријателски меч игран во Орландо против МЛС Ол Стар тимот победија со 3-0.

МЛС Ол Стар тимот, кој веќе години наназад игра пријателски натпревари против европските великани излезе во никогаш посилен состав.

Во првиот состав беа Ибрахимовиќ, Руни, Вела и Нани, додека од клупата влезе Швајнштајгер.

Сепак, тој состав не можеше ништо против Атлетико кој без проблем средбата ја реши во своја полза.

Јорганџиите славеа со 3-0, а головите ги постигнаа Лоренте, Жоао Феликс и Диего Коста.