Јувентус и Манчестер сити договараат голема размена на фудбалери


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Јувентус и Манчестер сити деновиве преговараат за да си ги трампаат своите бекови, ако може да се верува на шпекулациите на „Калчомеркато“.

Во Манчестер треба да замине Жоао Кансело, а во спротивен правец треба да се пресели Данило.

За оваа трампа е заинтересиран повеќе Сити, кој на таков начин сака да го ангажира Кансело, но проблем е цената, која „граѓаните“ ја одредија за Данило.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола ќе го плати Кансело така што ќе го испрати Данило во Јувентус и уште пари, но „Старата дама“ не сака да го земе Данило за вредност од 35 милиони евра.

Исто така, „Старата дама“ сака Данило да ги намали примањата доколку се пресели во нивните редови.