Меси скапо го чинеа критиките: Аргентинецот доби тримесечна суспензија!

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) му изрече казна на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

Ѕвездата на Барселона по елиминацијата на Аргентина од Копа Америка ја обвини КОНМЕБОЛ за корупција, а такво нешто се очекуваше да биде казнето.

Беше најавувано дека Меси ќе добие голема казна, па можеби и двегодишна суспензија, но Аргентинецот на крајот помина многу полесно, односно беше казнет со тримесечна суспензија и ќе пропушти три пријателски меча на Аргентина.

Исто така, Меси ќе мора да плати и казна од 50.000 долари поради неговите критики до КОНМЕБОЛ.

Голема улога во тоа што не доби двегодишна суспензија одигра тоа што Меси се извини поради изјавата, која ја даде.