Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Барселона денеска го потврди трансферот на Жуниор Фирпо од Бетис. Каталонците долго време го следеа 22-годишниот фудбалер, во кој гледаат замена за Жорди Алба.
Бетис ќе добие 25 милиони евра за трансферот на Фирпо, а 22-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со Каталонците.
Минатата сезона Фирпо одигра 29 меча за Бетис, но добар дел од втората сезона имаше проблеми со многу повреди.
? Bienvenue @JuniorFirpo03 !
?? #ReadyToColor pic.twitter.com/CE30xegWlL— FC Barcelona (@fcbarcelona_fra) August 4, 2019
Барселон ангажираше претходно уште неколку фудбалери, меѓу кои најзвучни засилувања беа Френки де Јонг и Антоан Гризман, а со нив се поврзува уште и нивниот поранешен фудбалер Нејмар, кој сака да замине од ПСЖ.