Анчелоти со пофални зборови за Елмас: Неверојатна интелигенција и сила, но има простор за напредок!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти имаше само пофални зборови за настапот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во триумфот од 1-0 против Олимпик Марсеј на „Велодром“.

Италијанските медиуми ја пренесоа изјавата на Анчелоти, а притоа Елмас доби и место на насловна страна на еден од медиумите.

„Елмас, неверојатна интелигенција и сила. Сепак, исто како и Фабијан Руиз, Елмас има многу работа пред него. Во секој случај, тој е комплетен фудбалер, па има простор за огромен напредок“, кажа Анчелоти.

Во следниот период Наполи го очекуваат контролни средби со Барселона, а се очекува и на нив во екипата да биде Елмас, кој буквално воодушеви со неговиот настап против Марсеј.