Манчестер Сити го потврди ангажманот на Кансело

Манчестер Сити го потврди ангажманот на десниот бек на Јувентус, Жоако Кансело.

25 годишниот португалски интернационалец потпиша шестгодишен договор со шампионот од Премиер лигата и ќе претставува сериозна конкуренција на десната бековска позиција за Кајл Вокер.

Во трансферот на Кансело за кого Сити ќе исплати 26 милиони фунти ќе биде вклучен и бразилскиот фудбалер Данило кој веќе е во Торино.