Манчестер Сити потврди изненадувачки трансфер во последниот ден од преодниот рок


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Граѓаните“ успеаја да ангажираат уште еден искусен фудбалер во последните моменти од преодниот рок.

Нов фудбалер на Манчестер Сити е 33 годишниот голман Скот Карсон кој треба да претставува трета опција за „граѓаните“.

Карсон доаѓа на едногодишна позајмица од редовите на Дерби Каунти каде бранеше минатата сезона, а одличен впечаток остави на средбата против Манчестер Јунајтед во која тогашниот негов клуб победи и се пласираше во следната фаза од ЕФЛ Купот.