Реал Мадрид испрати понуда до Нејмар, а Бразилецот даде јасен одговор


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид тргнал по потписот на Нејмар. Бразилецот не е задоволен во ПСЖ и веќе неколку недели се шпекулира дека ќе го напушти клубот и ќе се врати во Барселона, но во борбата се вклучи и нивниот жесток конкурент од Мадрид.

Каталонски „Спорт“ објави дека Реал Мадрид испратил понуда за Нејмар вредна 200 милиони евра. Претседателот Флорентино Перез верува дека Бразилецот ќе биде големо засилување за „кралевите“ и е подготвен да го направи најплатен фудбалер во светот.

Меѓутоа, во прилог на Перез не му оди тоа што, наводно, Нејмар кажал дека приоритет му е да се врати во Барселона.

Јасно е дека Реал Мадрид има посилни адути во преговорите, зашто може да плати 200 милиони евра или 100 милиони плус да ги понуди Герет Бејл или Хамес Родригез.