Крадците им прават проблеми на Озил и Колашинац: Сопругата на Босанецот побегна од Лондон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На крајот на јули се случи филмско сценарио на улиците на Лондон, откако крадци ги нападнаа Месут Озил и Сеад Колашинац.

Двајцата фудбалери на Арсенал се наоѓаат во големи проблеми. Крадците на мотори, наводно, сакале да им ги украдат часовниците, но Колашинац тргна да се пресмета со нив и така го одбрани Германецот.

Полицијата уапсила две осомничени лица, но очигледно станува збор за поголема криминална група и испратиле закани до семејствата на двајцата фудбалери.

Поради тие проблеми Арсенал не ги повика Озил и Колашинац за мечот против Њукасл, а сопругата на Босанецот побегнала од Лондон во Германија, кадешто бара засолниште поради проблемите во Англија.