Сестрата на Нејмар имаше брутална порака за навивачите на ПСЖ

Сестрата на Нејмар, Рафаела Сантош реагираше по критиките на навивачите на ПСЖ на Твитер.

Голем број фанови на ПСЖ го навредуваа Нејмар и сметаат дека треба да замине од Париз, а на тоа реагираше сестрата на Бразилецот, која им одговори преку социјалните мрежи.

Да потсетиме, во текот на дуелот меѓу ПСЖ и Ним, навивачите извадија транспарент со порака против Нејмар, кој треба да се врати во Шпанија.

„Каков одвратна и невоспитана група на луѓе сте вие. уште го сакате мојот брат во тимот. Без него нема ништо да освоите. Кој ве е*е…“, порача Рафаела.

Објавата подоцна беше избришана, а профилот на Рафаела беше исклучен, но во секој случај пораката ги „пецна“ навивачите на ПСЖ.