Роналдо ги изненади фановите: Би можел да ја завршам кариерата и следната година


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо во разговор за португалска телевизија зборуваше за својата иднина.

Повеќекратниот освојувач на „Златната топка“ има 34 години, меѓутоа според неговата форма и начин на игра изгледа многу помлад.

Во разговор за медиумите кажа дека би можел кариерата да ја заврши следното лето, но тоа може да се случи и дури на 40 години.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до 40-41 година. не знам…“, порача Роналдо.

Роналдо има договор со Јувентус до 2022 година, а претходно настапуваше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Спортинг Лисабон.