Марсело има занимлива тетоважа која крие емотивна приказна


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ѕвездата на мадридски Реал, Марсело обожава тетоважи.

Неговото тело е исполнето со тетоважи, но една има посебно значење за него, бидејќи крие навистина емотивна приказна.

На мускулот на десната рака е истетовиран автомобил Фолксваген Буба, а Бразилецот откри зошто на своето тело го нацрта баш овој автомобил.

„Мојот дедо секогаш веруваше во мене. Правеше возможни и невозможни работи за еден ден јас да станам професионалец. Ме возеше каде и да требаше да одам и мојата тетоважа го покажува неговиот автомобил во кој секогаш ме носеше на тренинг“, рече Марсело.

Бразилецот на крајот го исполни сонот на неговиот дедо. Стана еден од најдобрите дефанзивци во светот и освои навистина голем број на трофеи низ кариерата.