Лука Јовиќ дел од пакетот кој Реал Мадрид го нуди за Нејмар


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Нејмар до преодниот рок би можел да го промени клубот.

После две години во ПСЖ, најскапиот фудбалер во светот сака да го напушти Париз, а како потенцијални дестинации се споменуваат Барселона, Јувентус и Реал Мадрид.

Барселона и Реал се клубовите кои константо се во преговори со ПСЖ, а француските медиуми објавија дека во Париз пристигнала многу занимлива понуда за Нејмар.

Кралскиот клуб одлучил да ги понуди во пакет Лука Јовиќ, Кејлор Навас, уште еден фудбалер во пакет и 120 милиони евра

Би било навистина неверојатно Јовиќ после само неколку месеци да го напушти Реал. Стигна како засилување од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но очигледно не му се допадна премногу на Зидан.

Сега наводно сака да се откаже од него, но без обзир на оваа понуда, Нејмар сеуште преферира враќање во Барселона.