Таткото на младичот кој влезе во историјата на Барса: „Реал понуди повеќе, но едно пресуди“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ансу Фати дебитираше за Барселона (против Бетис) и стана најмладиот дебитант во историјата на клубот.

Ансу влезе на теренот во 78. минута и одигра добра партија до самиот крај, а имаше и еден шут кој заврши поркај стативата на голот на Бетис.

Ансу Фати така со 16 години и 298 гола стана вториот најмлад дебитант во историјата на гордоста на Каталонија.

Неговиот татко Бори Фати кажа дека за неговиот син додека живеел во Севиља бил заинтересиран и Реал Мадрид, но една работа пресудила.

„Реал понуди подобри услови отколку Барселона, а Барса ја избравме бидејќи дојдоа во нашата куќа и ме убедија“, изјави Фати и додаде:

„Кога Севиља дозна за него, Мончи ме праша колку нуди Барселона и рече дека го сакаат во Севиља…Кога имаше девет години во Севиља не играше ниту година…“

Фати кажа дека неговиот син без обзир на тоа што е роден во Гвинеја-Бисау сака да игра за репрезеентацијата на Шпанија.