Нејмар јасно му порачал на Леонардо каде сака да ја продолжи кариерата


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Претставници на Барселона заминаа во Париз за да се обидат да го договорат трансферот на Нејмар од ПСЖ.

Сапуницата за Нејмар трае веќе неколку недели, зашто ПСЖ не сака да го пушти толку лесно со оглед на тоа дека пред две години го купија за 222 милиони евра.

Но, не е тајна дека Бразилецот сака да се врати назад во Каталонија, зашто жали бидејќи го напуштил „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми утрово објавија дека претставници на Барселона заминале на преговори, зашто сакаат што е можно поскоро да го договорат трансферот на Нејмар.

Тие имале разговори со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој призна неодамна дека Нејмар сака да го напушти клубот.