Не му доаѓа памет: Сари ги изненади фудбалерите и ја налути управата на Јувентус (ФОТО)


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Маурицио Сари го пропушти првиот меч на Јувентус, зашто се рехабилитира од воспаление на белите дробови, но би можел да дебитира на клупата на италијанскиот шампион токму против Наполи во сабота.

Во прилог на тоа оди и фактот дека вчера ги изненади фудбалерите, откако се појави на тренинг, кој сепак го водеше неговиот помошник.

Меѓутоа, не го пречекаа сите во клубот со воодушевување, откако „Кориере дела Сера“ објави фотографија на која Сари пред својата куќа позира со навивач, а во рака држи кутија со цигари.

Медиумите пишуваат дека управата е лута поради неговиот потег, зашто дури ни во текот на лекувањето на воспалението на белите дробови тој не престанал да пуши.