Роналдо го „покани“ Меси на вечера (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска во Монако беше одржана ждрепката за групната фаза од Лигата на шампиони, а притоа беа доделени наградите за најдобрите во Европа за минатата сезона.

Кандидати за најдобар фудбалер по избор на УЕФА беа Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Вирџил Ван Дајк, а на крајот дефанзивецот ја доби наградата.

Пред прогласување на добитникот на наградата, водителката имаше краток раговор со тројцата номинирани, а најинтересни одговори на нејзините прашања даде Роналдо.

„Тука сме 15 години, истите момци, секогаш. Не знам дали се случило некогаш во фудбалот, не е лесно тоа. Ми недостига Шпанија. Тој ме туркаше мене, а јас него. Имаме добар однос. Не сме биле никогаш на вечера заедно, но се надевам дека во иднина ќе го направиме тоа“, порача Роналдо.