Милан стигна до првата победа во новата сезона од Серија А (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Милан ја запиша првата сезонска победа откако во второто коло славеше против Бреша со минимални 1:0.

По воведниот пораз од Удинезе во една лоша игра, Росонерите се подобрија на овој натпревар, но се виде дека се уште има простор за напредок во нивната игра.

Единствениот погодок на средбата го постигна Сусо, а во продолжение Милан имаше уште шанси за да го зголеми водството и на поубедлив начин да слави на овој натпревар.

Една топка на Пјонтек за малку не заврши зад линијата, а еден удар на Пакета заврши и во стативата од голот на Бреша.