Османи „летна“ од Шкендија по очајниот старт на сезоната!

Македонскиот шампион Шкендија има катастрофален старт на сезоната во македонската Прва Лига, кој доаѓа по очајниот настап во европските натпреварувања, кадешто беа експресно елиминирани и целосно ги разочараа своите навивачи.

Шкендија повеќе немаше трпение за тренерот Ќатип Османи, па синоќа Тетовци објавија соопштение во кое порачаа дека Османи, како и целиот стручен штаб е сменет.

Екипата од Тетово има освоено само еден бод по четири одиграни кола во македонскиот шампионат, а управата го загуби трпението за Османи по вчерашниот пораз од 0-1 против Борец на гостински терен.

Додека не се најде некое трајно решение, клубот ќе го предводи тренерот Ерхан Селими.