Мајстори за слободни трансфери: Јувентус следно лето носи пет фудбалери!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Јувентус веќе неколку години прави одлични потези со ангажирањето на слободните фудбалери. Доволно е да се спомене дека го ангажираа Пол Погба или Андреа Пирло, а од следното лето може да ангажираат уште пет фудбалери.

Целта на италијанскиот гигант е да ангажираат тројца фудбалери на Манчестер јунајте и двајца на Тотенхем. Најголеми имиња меѓу нив се Давид де Хеа и Кристијан Ериксен.

На нив договорот им завршува во 2020 година, а тоа Јувентус сака да го искористи и да го обезбеди нивниот потпис. Покрај нив, Јуве планира да ги ангажира Немања Матиќ и Ерик Баи од Јунајтед, како и Тоби Алдервејрелд од Тотенхем.