Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Шпанското фудбалско првенство за жени почна вчера, а во првото коло беше одиграно женското „Ел Класико“.
Барселона славеше со високи 9-1, па им покажа на фудбалерките на „кралевите“ дека не се дораснати за нив во моментот.
Најдобра беше Хермосо, која постигна три гола, Аитана додаде два, додека мрежата на Реал ја погодуваа и Путелас, Мариона и Грахам, додека Лусија Суарез ја затресе сопствената мрежа.
Реал Мадрид на барање на публиката формираше женски тим, откако ја купи лиценцата од Депортиво Такона.
Под тоа име ќе се натпреварува сезонава, а од следната официјално ќе стане Реал Мадрид, а Флорентино Перез ќе мора да го засили тимот.