Македонија во Рига ја „брка“ втората победа во квалификациите за Евро 2020

Македонската фудбалска репрезентација вечер го игра мечот од шестото квалификациско коло против Летонија во Рига, кадешто ќе ја бара втората победа во квалификациите.

Македонските фудбалери се запознаени со квалитетот на летонската репрезентација, а веќе еднаш ја победивме Летонија во Скопје со 3-1.

Сепак, селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми, зашто Елиф Елмас не е познато дали ќе настапи во вечерашниот меч, откако се повреди на тренинг при еден ненамерен судир со голманот Дејан Илиев.

Во моментов Македонија во групата има пет бодови и се наоѓа на петтата позиција, а Летонија е зад нас без бодови. Додека пред нас се Полска на прво место со 12 бодови, па следуваат Австрија со девет, како и Словенија и Израел со по осум бода.