Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсен Венгер во едно интервју откри дека малку фалело Лионел Меси да се пресели во Арсенал и посочи дека многу жали што никогаш немал можност да соработува со аргентинскиот фудбалер.
Венгер со „топчиите“ имаше големи успеси, а во 2003 година во клубот го донесе Цеск Фабрегас од академијата на Барселона.
Искусниот стратег откри дека тогаш многу блиску до премин во Лондон биле уште двајца членови на популарната „Ла Масија“.
„Во животот мора да се живее со жалење за неуспешните работи, а една од тие работи е Меси. Во 2003 година го донесовме Фабрегас и водевме разговори со Лионел Меси, додека тој беше дел од младинскиот тим на Барселона. Тоа беше време кога Арсенал беше сличен на Барселона и како дел од нашата стратегија сакавме да носиме млади таленти. Со Меси, Пике и Фабрегас можевме да имаме супер екипа. Пике и Фабрегас дојдоа во Англија, но Меси остана во Шпанија. Бевме заинтересирани за Меси, -истакна Венгер.