Проблеми за Наполи, заминува еден од најискусните?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хосе Каљехон одбил да потпише нов договор со Наполи.

Шпанецот во клубот пристигна во 2013. година од мадридски Реал, за 10 милиони евра, а тоа беше одлична работа направена од страна на Наполи. Каљехон за шест години во клубот запиша 79 голови, 70 асистенции, помогна на тимот за достигнувањето во Купот на Италија, јасно е неговиот допринос на креирање нови сили во италијанскиот фудбал е немерлив.

Сепак, во февруари полни 33 години, а на крајот од годината му истекува договорот со клубот.

Неговиот агент потврди дека првата понуда од клубот не ги задоволува нивните барања и дека веќе месец дена се нема слушнато со луѓето од управата на клубот.

Самиот фудбалер е спремен да потпише нова соработка, но само под одредени услови.