Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот на минатиот месец во Монако беше одржана ждрепка за Лигата на шампиони, а исто така УЕФА ги прогласи најдобрите поединци за минатата сезона.
За најдобар фудбалер во Европа беше прогласен Вирџил Ван Дајк, а во конкуренција беше пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Роналдо ги воодушеви сите кога зборуваше за ривалството со Меси и порача дека никогаш не се случило во светот на фудбалот двајца фудбалери толку многу да доминираат.
Роналдо го покани Меси на вечера во иднина, а сега и Аргентинацот даде одговор.
„Не знам дали ќе има вечера наскоро, зашто обврските ни диктираат високо темпо на живот и немаме многу слободно време. Но, сигурно би го прифатил неговиот повик за вечера“, кажа Меси.